Четириесетгодишен скопјанец вчера во полиција пријавил дека неговата 16-годишна ќерка била ограбена и уценувана од група малолетници на подрачјето на општина Чаир.
Според пријавеното, настанот се случил на 7 мај околу 08:00 часот наутро. Неколку малолетници со закана со остар предмет пресретнале 16-годишна тинејџерка и ѝ одзеле пари. Освен грабежот, ја уценувале и дека ќе мора повторно да им даде пари во текот на наредните денови.
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека веднаш по пријавата се преземаат сите неопходни мерки од страна на надлежните служби за целосно расчистување и документирање на случајот.
Текстот Скопјанец пријавил дека малолетници му ја ограбиле и ја уценувале ќерката во Чаир е превземен од МАКФАКС.























