Полицијата од СВР Скопје ноќеска го лиши од слобода 19-годишниот М.Б. од село Бојане, по основано сомнение дека сторил кривично дело „убиство“.

Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, случајот започнал по пријава на телефонската линија 192, кога таткото на осомничениот, И.Б., пријавил дека неговиот син му признал дека усмртил 18-годишно лице од истото село.

Според пријавеното, убиството се случило на 15 мај 2026 година во шума во околината на Сарај, каде жртвата Б.Д. (18) била застрелана со пиштол.

По брза полициска интервенција, осомничениот е приведен, а во меѓувреме се пронајдени телото на жртвата и оружјето кое, според првичните информации, било употребено при извршување на делото.

Од МВР додаваат дека по целосно документирање на случајот, против М.Б. ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Текстот Убиство во шума кај Сарај: 18-годишник усмртен со пиштол, осомничен има 19 години е превземен од МАКФАКС.