Скопјанец нашол стара рачна бомба додека го чистел дворот на подрачјето на Гази Баба.
Според информациите на МВР, вчера во 08:38 часот во СВР Скопје, А.С.(38) од Скопје пријави дека при чистење на дворот на подрачјето на Гази Баба пронашол стара рачна бомба.
Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Гази Баба, а бомбата била подигната за понатамошна постапка.
Текстот Скопјанец нашол рачна бомба додека го чистел дворот е превземен од МАКФАКС.























