„Прво Христијан Мицкоски призна дека Преспанскиот договор е ремек-дело на дипломатијата. Потоа Тимчо Муцунски призна дека НАТО е феноменална работа. Сега и претседателката Гордана Сиљановска призна дека прашањето за македонскиот јазик, култура и национален идентитет е апсолвирано“, велат од СДСМ.

„Сите тројца, еден по еден, ја потврдија вистината што СДСМ ја зборуваше години наназад. Сега е ред да се извинат на граѓаните на Македонија. Да се извинат за сите лаги, за сите навреди, за сите лажни афери и кампањи со кои ги плашеа луѓето дека „ќе го загубиме името, јазикот и идентитетот“.

Да се извинат за тоа што со години ги мамеа граѓаните дека Преспанскиот договор е „предавство“, а сега самите го прифаќаат. Да се извинат за сите години изгубени во изолација, за сите блокирани шанси и за сите лажни ветувања. Ние од СДСМ не бараме извинување за себе.

Ние бараме извинување за граѓаните кои беа измамени, исплашени и манипулирани. Вистината излезе на виделина. Сега е време за одговорност. Реформи сега. Правда сега. Европа сега“, соопштуваат од СДСМ.

Текстот „Призна Мицкоски, призна Муцунски, призна Гордана Сиљановска – сега е ред да се извинат на народот за сите лаги“, велат од СДСМ.