Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Битола изврши увид на лице место во населбата Баир каде една жена беше лишена од живот.

Издадена е наредба за обдукција за починатата, а од лице место се подигнати траги и материјални докази кои ќе бидат предмет на вештачење, велат од ЈОРМ.

Осомничениот за извршување на кривичното дело е лишен од слобода, а за натамошниот тек на постапката против него обвинителството ќе ја информира јавноста.

Текстот Обвинителство за убиството во Битола: Издадена е наредба за обдукција на телото, ќе се вештачат траги и материјални докази е превземен од МАКФАКС.