„Повеќе од 30 дена јавноста поставува едно едноставно прашање: Дали Владата ги испрати документите за екстрадиција на Никола Груевски?
Ниту Христијан Мицкоски, ниту министерот за правда Игор Филков немаат храброст да дадат јасен одговор.
Тишина. Молчење. Криење од јавноста“, истакнуваат од СДСМ.
Како што велат од таму, се однесуваат како ова да не е нивна работа, како да не знаат што се случува, како да немаат никаква одговорност.
„Зошто Мицкоски и Филков не ги испраќаат документите?
Вистината е многу едноставна, намерно го штитат Никола Груевски.
Груевски не е само бегалец од правдата. Тој е симбол на режимот, криминалот и корупцијата на ВМРО-ОКГ.
Токму затоа Мицкоски бега од одговор. Затоа што знае дека ако падне Груевски, паѓа митот врз кој ВМРО-ОКГ со години гради лажен патриотизам и лажна чесност“.
Станува збор, додаваат од опозициската партија, за организирана криминална група, ништо повеќе.
Македонија, потенцираат од СДСМ, не смее да биде држава во која Владата штити осудени криминалци.
„Правда мора да има. Одговорност мора да има. Груевски мора да се соочи со правдата“.
Текстот Зошто Мицкоски и Филков не ги испраќаат документите за екстрадиција на Груевски, прашуваат од СДСМ е превземен од МАКФАКС.























