Вчера на локален пат на Водно полицискиот службеник М.Т. (32) од село Радишани, скопско, управувајќи мотоцикл „Хонда“ во сопственост на МВР, изгубил контрола над возилото и паднал.

Според пријавеното, до несреќата дошло откако тој се обидел да избегне лисица која излегла на патот.

Тој се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Ургентниот центар при Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

По настанот, увид извршила увидна екипа на СВР Скопје.

Текстот Полицаец тешко повреден на Водно, паднал од мотор обидувајќи се да избегне лисица која му го пресекла патот е превземен од МАКФАКС.