Бој Џорџ и италијанската пејачка Сенхит, кои го претставуваа Сан Марино на Евровизија 2026 во Виена, не успеаја да се квалификуваат за големото финале. Нивната песна „Superstar“ не доби доволно гласови во првата полуфинална вечер. И покрај тоа што беа елиминирани, познатиот музичар и фронтмен на групата Culture Club, кој е и еден од авторите на песната, нагласува дека целото искуство било фантастично.

Бој Џорџ (64) и се придружи на Сенхит на сцената како специјален гостин, но и покрај нивниот статус на музички легенди и нивниот енергичен настап, дуото не успеа да обезбеди едно од десетте места што водат до финалето.

За Сан Марино, кој често се потпира на меѓународни ѕвезди за да ги зголеми своите шанси, ова беше уште еден неуспешен обид за напредување.

Неколку часа по елиминацијата, поп-легендата се огласи на социјалните мрежи за да ја изрази својата тага поради елиминацијата, но и благодарност за можноста.

„Ако гласавте за нас, ви благодарам многу. Жал ми е што не стигнавме до финалето, но моето евровизиско искуство беше фантастично. Не би променил ни минута. Благодарам Сенхит и на целата делегација на Сан Марино“, напиша музичарот.

Тој исто така објави дека ова не е крај на нивната соработка и дека ќе настапат заедно на концертот на неговиот бенд Culture Club во Милано во јули.

фото/ЕПА

Текстот Бој Џорџ се огласи откако беше елиминиран од Евровизија: „Тажен сум“ е превземен од МАКФАКС.