Службите на Општина Центар спроведуваат интензивна пролетна акција за косење трева со цел да се обезбедат чисти, уредени и прегледни зелени површини на подрачјето на целата општина, известуваат од Центар.

Екипите на ПОЦ денови косеа во Капиштец, Дебар Маало, Пролет, спроти Веро, парк Франкофонија, кај „Агромеханика“, Градски ѕид, Водно, и општинските училишта. Денеска службите се на терен на Кале, а во наредните денови активностите продолжуваат во населбата Буњаковец, велат од Општината.

Градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски посочи дека станува збор за пролетна акција за уредување на зелените и тревните површини согласно пропишаните стандарди.

„Цел ни е да имаме зелени површини што ќе бидат безбедни од појава на влекачи и глодари. Дополнително спроведена е и редовна пролетна дератизација низ целата територија на општината. И наредниов период продолжуваме со активности за косење и одржување на зеленилото во Центар“, рече Герасимовски.

На граганите им е достапна и телефонската линија 076 350 767, на која можат да пријават израсната трева и неуредени јавни површини што се во надлежност на општина Центар за да можат службите навремено да постапат.

Текстот Центар во пролетна акција: косење трева и уредување на безбедни зелени површини во сите населби и маала е превземен од МАКФАКС.