Полицијата уапси скопјанец кој пукал во воздух со сигнален пиштол на територија на општина Аеродром.

Според информациите на МВР, вчера е уапсен Ф.Д. (27) од Скопје затоа што истиот ден околу 16:20 часот на подрачјето на општина Аеродром во Скопје, од патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки во движење пукал во воздух со сигнален пиштол.

Со Ф.Д. е извршен службен разговор и од него е одземен сигнален пиштол со една рамка во која имало 11 парчиња муниција за сигнален пиштол со калибар 9 мм, за кој не поседувал дозвола.

Известен е јавен обвинител и по документирање на случајот, ќе биде поднесена кривична пријава.

Текстот Пукал со пиштол од автомобил во Аеродром, полиција го уапси е превземен од МАКФАКС.