Рамадан Рамадани
Се сеќавам меѓу другото дека во текот на неколку месечниот вооружен конфликт помеѓу ОНА и државните безбедносни сили во сега далечната 2001 година, некои локални дописници во медиумите меѓу другото известуваа и за „прегрупирања“. Никогаш не разбрав што беше релевантен тој збор во цивилното известување тогаш, освен за полнење на извештаи и непотрено дпоплнително кревање паника, но и сега приметив слично зборење за најголемиот политички настан во земјата минатата недела: Соединувањето во еден политички субјект на пет албански политички опции под непреведуван акроним: ВЛЕН!
Но, всушност ова е добра вест, освен за албанците и за владата, и за државата и за цела нација.
1) нашите албанци со ова ќе добијат единствен политички артикулатор а не некој раштиман оркестар
2) владата ќе добие на функционалност а потоа и на ефикасност затоа што едниот владејачки ортак конечно ќе прозбори од една уста
3) граѓаните и цела нација на Ден на Европа добија силно и единствено политичко орудие кое со единствена интонирана химна, таа на Европа, таа вечер на конгресот, го носат словото Е во нивниот акроним! Мојот, доста шетан, пријател Дуло ми рече дека тоа готовото кафе три во еден кај нас во Македонија профункционирало, може и ова пет во еден да фати. Јас додадов дека СИРИЗА беше потешко кај грчките ни комшии, но за нас испадна на арно и и го видовме аирот! Па аирлија за ВЛЕН, ќе видиме вреди ли ВРЕДИ?!























