Латвискиот министер за одбрана, Андрис Спрудс, денеска поднесе оставка, откако во четвртокот два украински дрона долетале од Русија и погодиле складишта на нафта.
Претходно, латвиската премиерка, Евика Силина, побара негово разрешување, велејќи дека противдронските системи не биле распоредени доволно брзо.
За нов министер за одбрана е именуван полковникот на латвиската армија Раивис Мелнис.
Латвија и Литванија во четврток ја повикаа НАТО да ја зајакне противвоздушната одбрана во нивниот регион откако два дрона ја преминале руската граница и погодиле складиште на нафта во Латвија.
Украина разгледува испраќање експерти
Украинскиот министер за одбрана, Андриј Сибиха, потврди дека дроновите биле украински. Тој нагласи дека дроновите влегле во Латвија поради „руско електронско војување кое намерно ги пренасочило украинските дронови од нивните цели во Русија“.
Во одговор на инцидентот, Украина разгледува испраќање експерти кои би помогнале во зајакнување на воздушната безбедност над балтичките држави.
Текстот Латвискиот министер за одбрана поднесе оставка откако украински дронови ненамерно погодиле складишта со нафта во Латвија е превземен од МАКФАКС.























