Иран денеска испратил одговор на најновиот предлог на САД за завршување на војната, преку посредници од Пакистан, соопшти иранската државна новинска агенција ИРНА.

Според краткото соопштение, одговорот е веќе доставен, но не се објавуваат детали за неговата содржина.

ИРНА наведува дека во оваа фаза преговорите ќе бидат насочени кон „завршување на војната во регионот“, без дополнително објаснување за можните услови или барања на Техеран.

Тензиите во регионот ескалираа по нападите што САД и Израел ги започнаа врз Иран на 28 февруари. По тие настани следеше ирански одговор насочен кон Израел и американските сојузници во Персискиот Залив, како и затворање на стратешкиот Ормутски теснец.

Примирје стапи на сила на 8 април со посредство на Пакистан, но разговорите во Исламабад не доведоа до траен мировен договор.

Подоцна, примирјето беше продолжено на неопределено време од страна на американскиот претседател Трамп, со цел да се отвори простор за дипломатски преговори и долгорочно решение на конфликтот.

Текстот Иран испрати одговор на американски предлог за крај на војната преку пакистански посредници е превземен од МАКФАКС.