Холандскиот орнитолог (специјалист кој се занимава со научно проучување на птиците) Лео Шилперурд е идентификуван како прв, таканаречен „нулти пациент“ во епидемијата на Хантавирус на крузерот МВ Хондиус.

Според извештаите, тој се разболел и починал за време на пловидбата, откако претходно заедно со сопругата патувал низ Јужна Америка.

Истражителите посочуваат дека парот можеби бил изложен на вирусот во близина на депонија кај градот Ушуаја, каде што е присутен таканаречениот андски сој на хантавирус.

Станува збор за локација позната како „крај на светот“, која често ја посетуваат туристи, особено љубители на птици.

По посетата на таа област, парот се качил на крузерот заедно со уште повеќе од 100 патници.

Неколку дена по качувањето, Лео пријавил симптоми како треска, главоболка, болки во стомак и дијареја. Тој починал пет дена подоцна на бродот.

И покрај тоа, дел од екипажот првично ги уверувал патниците дека не се работи за заразна болест, а смртта била опишана како природна.

Телото било задржано на бродот до пристигнување во Света Елена.

Неговата сопруга Миријам Шилперурд подоцна се разболела и била префрлена во Јоханесбург, каде што починала за време на подготовките за медицински лет кон Холандија.

Светската здравствена организација соопшти дека бројот на потврдени случаи поврзани со крузерот се зголемил на шест.

Случајот сè уште се истражува, а се разгледуваат и други можни извори на зараза, бидејќи хантавирусот е присутен во некои делови од Патагонија.

Текстот (Фото) Идентификуван „нултиот пациент“ на хантавирусот: се заразил на депонија пред да се качи на крузерот е превземен од МАКФАКС.