Времето денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно, проследено со локални врнежи од дожд и појава на грмежи. На одредени места се очекуваат поинтензивни процеси со пообилен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Утринските температури се движат меѓу 7 и 12, а дневните температури ќе бидат во интервал од 18 до 23 степени.
Главниот град го очекува слична метеоролошка состојба. Во Скопје времето ќе биде променливо облачно, со пороен дожд и грмежи. Температурата ќе се движи од минимални 12 до максимални 21 степен Целзиусов. Ќе дува умерен до засилен северен ветер.
Од Управата за хидрометеоролошки работи најавуваат дека и во следниот период ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди. Наместа се очекува пороен дожд, грмежи и силен ветер. Во понеделник и вторник се очекува значително засилување на ветерот, кој во западните делови од државата ќе надминува брзина од 60 километри на час.
Текстот Времето денеска ќе биде променливо облачно со локален пороен дожд и грмежи е превземен од МАКФАКС.























