Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, официјално потврди дека е постигнат договор со Русија за размена на заробеници и тридневен прекин на огнот. Ова доаѓа по претходната објава на американскиот претседател Доналд Трамп за воспоставување примирје од 9 до 11 мај.
Постигнат е договор за размена на воени заробеници во формат 1000 за 1000. Зеленски нагласи дека враќањето на луѓето дома е клучен приоритет за Украина.
Прекинот на огнот е предвиден за 9, 10 и 11 мај. Зеленски порача дека за Украина е поважно да ги спаси животите на своите војници отколку да се фокусира на симболиката на настаните во Москва (Црвениот плоштад).
Зеленски му се заблагодари на Доналд Трамп и неговиот тим за конструктивниот дипломатски ангажман. Тој додаде дека очекува САД да гарантираат дека руската страна ќе ги исполни преземените обврски.
Претседателот напомена дека Русија е јасно известена за одлучните капацитети на Украина за напади со долг дострел доколку не се почитуваат договорите.
Текстот Зеленски го потврди примирјето: „Црвениот плоштад ни е помалку важен од животите на Украинците“ е превземен од МАКФАКС.























