Во сабота, на 9 мај во 12 часот, во Јавна соба во Скопје ќе се одржи детска работилница насловена „Учиме екологија, другарство и емпатија низ филм и игра“, наменета за деца од 4 до 12 години.

Програмата комбинира филмска проекција, креативни и драмски активности со цел децата преку игра и уметност да учат за емоции, соработка, пријателство и однос кон светот околу себе. Преку избран детски филм, тие ќе имаат можност да го доживеат филмот не само како гледачи, туку и како активни учесници во процесот на создавање значења и приказни.

Во рамки на тричасовната работилница се предвидени повеќе активности:
– заедничко гледање детски филм;
– ликовна работилница инспирирана од филмот;
– разговор за емоции, другарство и вредности;
– групни активности за поттикнување соработка и самодоверба;
– драмска игра и импровизација;
– вовед во основите на филмската уметност.

Работилницата ќе ја води Ана Василевска, која преку интерактивен пристап ќе ги насочува децата низ процесот на гледање, размислување и креативно изразување.

Бројот на места е ограничен, а билетите се достапни преку објавениот линк.

Текстот „Учиме екологија, другарство и емпатија низ филм и игра“: Работилница за деца во Јавна соба е превземен од МАКФАКС.