Можеби Мицкоски навистина заборавил што кажал додека бил во опозиција. Се случува тоа со оние коишто се нестабилни политичари коишто кога ќе дојдат на власт имаат комплетна амнезија за тоа што се случува. Се додека сум во ВМРО-ДПМНЕ, Преспанскиот договор нема да биде завршена работа. Кој го кажа тоа, Мицкоски. Ние од СДСМ или ти? Кој го кажа следното? Ќе го менуваме Преспанскиот договор, тоа додека беше во опозиција. Кој го кажа ова, праша на прес-конференеција Андреј Жерновски, член на Извршниот одбор и Секретар за меѓународна соработка на СДСМ.

„Мицкоски. Ако бидам премиер, никогаш нема да кажам северна. Ако кажам северна, нека ми го одземат мандатот. А токму кога го доби мандатот, кога даваше заклетва, го кажа северна толку силно да уште одзвонува во салата на собранието. Да не зборувам за тоа како одзвонува на говорот на претседателката на државата во салата во Обединетите нации кога Северна го употреби повеќе отколку сите претходната влада. Мицковски кој го кажа ова? Ме боли и ме пече во името на сето тоа, а за името на државата не сакам да градам кариера. Па целата кариера ти ја изјади шуснус врз основа на лагата дека кога ќе дојдеш на власт ќе го поништиш Преспанскиот договор, ќе го вратиш името. Значи лагата е како шило. Мицкоски клечеше и молеше да дојде на власт ветувајќи го ова за кое што денеска зборуваме, лажејќи ги граѓаните дека ќе го направи спротивно тоа денеска што го прави“.

Жерновски дополнително праша дали има потреба да се изнесуваат уште докази од изјавите и настапите на Мицкоски и на неговите пратеници, министри за да, како што рече, конечно им стане јасно дека оваа лага е прозирна и дека веќе е смешна и трагикомична.

„Што прави Мицкоски кога ќе го фатите во лага? Одговара со нова лага. Таква нова лага е и неговиот закон за двојно државјанство со којшто ако се сеќавате предложи пратениците, но не од овој состав, идниот состав, да имаат само едно државјанство да не можат да имаат веќе државјанства.

Кој устав сега го проверувате? Оној вашиот македонскиот или оној вашиот бугарскиот? Тоа е лагата. Тоа е вистинското лице на ВМРО-ДПМНЕ. Тоа е партија којашто патриотизмот го користи во популистички цели, а во позадина вадат бугарски државјанства. Тоа се лаги, тоа е лицемерие, тоа е манипулација којашто служи за одржување на моќта, којашто пак служи за заштита на криминалот којшто секојдневно го прават“.

Најави дека опозициската партија нема да застане тука и дека ќе ја откриваат вистината.

„Не може да се создаваат конфликт намерно со Бугарија, на тоа да се печалат патриотски политички поени, а во позадина да се живее и да се патува со бугарски пасош.

На крај излегува дека нас од Бугарите не бранат Бугари, а тоа нема да го дозволиме.

Најголема закана за нашиот идентитет всушност е самата ВМРО организирана криминална група, којашто со својот лажен патриотизам секојдневно ги уништува позициите на нашата држава“.