Турција го претстави прототипот на интерконтиненталната балистичка ракета (ICBM) „Џилдиримхан“, како дел од нејзините напори да ја зајакне својата воена независност и да се позиционира како клучен одбранбен актер на Блискиот Исток и во рамките на НАТО алијансата.
Според достапните податоци, „Џилдиримхан“ (молња) има дострел од околу 6.000 километри и може да погоди цели во Европа, Африка и Азија, додека засега производството на ракетата сè уште не е започнато.
YILDIRIMHAN ICBM ANIMATED VISUALS. https://t.co/AwnNPxJgwS pic.twitter.com/y4Iq1B2TB5
— International Defence Analysis (@Defence_IDA) May 5, 2026
Во денешното интервју за „Ал Џезира“, експертите наведуваат дека ракетите со дострел од повеќе од 5.500 километри се класифицирани како интерконтинентални.
Turkey prepares to test its first ICBM The Turkish made YILDIRIMHAN ICBM, capable of carrying a 3,000 kg payload, is expected to be tested later this year from the space launch facility Ankara is building in Somalia.
The launch would mark Turkey’s entry into the… pic.twitter.com/dWTN7HFVom
— Defence Index (@Defence_Index) May 7, 2026
Се наведува дека ракетата достигнува брзина до 25 маха, има четири погонски мотори и користи течно гориво на база на азот-тетроксид, додека боевата глава може да носи товар до 3.000 килограми.
Турскиот министер за одбрана Јасар Ѓулер изјави дека Турција сака да им понуди на своите сојузници не само вооружени системи, туку и технолошки решенија и одржлива безбедносна рамка.
Експертите проценуваат дека презентацијата на прототипот е значајна, првенствено поради развојот на домашните технолошки капацитети, а не нужно поради самата оперативна употреба на ракетата.
Претставниците на турската одбранбена индустрија оценуваат дека новиот проект претставува чекор напред во зајакнувањето на воената технологија и одвраќањето, како и амбицијата на Турција да го зајакне своето глобално влијание.
Текстот (Видео) Анкара покажа „чудовиште“ од ракета: на удар се три континенти е превземен од МАКФАКС.























