Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски денес оствари пријателска и конструктивна средба со градоначалникот на Општина Есенлер од Република Турција, Мехмед Тевфик Ѓоксу, на која беше потврдена добрата соработка меѓу двете страни во рамки на проектот за декоративно и архитектонско осветлување на Камениот мост, информираат од Град Скопје.

„Со реализацијата на проектот, еден од најзначајните симболи на Скопје ќе добие современо осветлување, усогласено со неговите архитектонски и историски вредности, со цел дополнително да се истакне и заштити културното наследство на градот“.

Од Град Скопје изразуваат благодарност до Општина Есенлер за поддршката и најавуваат продолжување на соработката со турските партнери за реализација на нови проекти од заеднички интерес.

Ѓорѓиевски во објава на социјалните мрежи најави дека Камениот мост во срцето на Скопје добива нов сјај.

„Денес остварив пријателска и конструктивна средба со градоначалникот на Есенлер од Република Турција, Мехмед Тевфик Ѓоксу.
На средбата уште еднаш го потврдивме пријателството, партнерството и добрата соработка воспоставена преку неодамна потпишаниот Протокол за соработка, кој се однесува на имплементација на проектот за декоративно и архитектонско осветлување на Камениот мост.
Камениот е срцето на Скопје, сведок на времињата, симбол на поврзувањето, културно-историско наследство и едно од најпрепознатливите обележја на нашиот град.
Со реализацијата на овој проект, Камениот мост ќе добие современо декоративно осветлување, внимателно усогласено со неговите архитектонски карактеристики и историска вредност.
На тој начин, еден од најзначајните симболи на Скопје ќе биде дополнително истакнат, заштитен и претставен во достоинствено светло пред граѓаните и посетителите.
Изразувам благодарност до Општина Есенлер за поддршката, како и до сите институции, стручни лица и поединци вклучени во подготовката и реализацијата на овој значаен проект.
Оваа соработка е уште еден доказ дека преку пријателство, партнерство и размена на искуства можеме да реализираме проекти кои оставаат трајна вредност за градот.
Продолжуваме да ја продлабочуваме соработката со нашите пријатели од Турција, со цел поддршка на нови проекти од заеднички интерес и унапредување на условите за живот на граѓаните.
Скопје ги чува своите симболи“, напиша скопскиот градоначалник.

Текстот Камениот мост ќе добие современо декоративно осветлување, најави Ѓорѓиевски е превземен од МАКФАКС.