Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против 70-годишниот С.Х. од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „кражба“ и „навлегување во компјутерски систем“.

Според полицијата, на 11 ноември 2025 година, во Општата болница во Гостивар, пријавениот одзел паричник од И.П. (69), во кој имало 15.000 денари, лични документи и банкарска картичка.

По кражбата, како што се наведува, тој подоцна ја злоупотребил банкарската картичка и од банкомат на банка во Тетово во два наврата подигнал 41.600 денари. Со тоа, на оштетената ѝ била нанесена вкупна материјална штета од 56.600 денари.

Текстот Кражба во болница во Гостивар: украден паричник, потоа подигнати над 40.000 денари од банкомат е превземен од МАКФАКС.