Мохсен Резаи, поранешен командант на Корпусот на Исламската револуционерна гарда, изјави дека Иран „нема да преговара со никого за нуклеарното прашање“ и дека контролата врз Ормускиот теснец мора да остане во ирански раце. Неговите изјави ги пренесе иранската новинска агенција ИСНА, пишува Ал Џезира.

„Доколку контролата и управувањето со Ормускиот теснец испаднат од рацете на Иран, непријателот повторно ќе го искористи како оружје против нашата земја и народ“, предупреди Резаи.

Тој нагласи дека пристапот на Иран кон безбедноста се базира на регионална самодоволност. „Нашиот модел е јасен: регионот мора да ја обезбеди својата безбедност. Странските сили – без разлика дали се американски или европски – мора да си заминат“, заклучи Резаи.

Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан дополнително ја заостри својата реторика кон Вашингтон во разговор со францускиот претседател Емануел Макрон, обвинувајќи ги САД дека „ја заменуваат дипломатијата со закани, притисок и санкции“. Според Ал Џезира, Пезешкијан рекол дека Техеран повеќе не може да им верува на САД поради таквото однесување.

„Во двата наврати кога влеговме во дијалог со САД, паралелно се одвиваше воена агресија против Иран. Таквото однесување е како забодување нож во грб“, рече иранскиот претседател.

Пежешкијан нагласи дека сериозни преговори можат да бидат можни само со крај на војната и цврсти гаранции дека непријателските потези против Иран нема да се повторат. Тој, исто така, ги отфрли обвинувањата дека Иран презел воени дејствија против Обединетите Арапски Емирати.

Зборувајќи за Ормускиот теснец, тој рече дека Иран со децении бил гарант за безбедноста на овој стратешки воден пат, но дека американските дејствија, вклучително и поморската блокада, го дестабилизирале регионот. „Секое преговарање за целосно отворање на Ормускиот теснец бара укинување на американската поморска блокада“, рече тој.

Текстот Иран: Ормускиот теснец мора да остане под наша контрола, странските сили мора да си заминат е превземен од МАКФАКС.