Познатата манекенка Бар Рафаели (40) повторно ги изненади сите со своите најнови фотографии. Израелската убавица беше ангажирана во кампања и рекламираше долна облека, па објавите брзо станаа вирални.
Со својот совршен изглед и природна убавина, Бар веќе ги шармираше сите безброј пати, а сега само потврди дека сè уште нема конкуренција.
Манекенката позираше во бела долна облека која совршено ја истакнуваше нејзината фигура, додека Бар немаше ниту трага шминка на неа, па возбудата беше уште поголема.
Коментарите набрзо го преплавија нејзиниот профил, како и сите други профили на социјалните мрежи кои се занимаваат со оваа тема.
„Ти си божица“, „Има убави жени, но ти си божица“, „Совршена“, „Ти си во посебна лига“, „Ова не е реално“, беа само дел од коментарите.
Бар Рафаели е позната и како поранешна девојка на Леонардо Дикаприо, а откако раскина со него во 2011 година, се омажи за претприемачот Ади Езра, со кого е во среќен брак и има три деца.
Текстот (Видео) Се соблече познатата манекенка: „Има убави жени, но ти си божица“ е превземен од МАКФАКС.























