Жители на Карпош, Ѓорче Петров и Сарај пријавиле во полиција дека вчера вечер почувствувале непријатна миризба на хемиски агенси.

Според информациите на МВР, вчера вечер, од 21:00 до 00:30 часот во СВР Скопје, повеќе граѓани пријавиле дека во Скопје, покрај кеј на река Вардар, на подрачјата на Карпош, Ѓорче Петров и Сарај, во воздухот се чувствувала непријатна миризба на хемиски агенси.

За настанот се известени јавен обвинител, комунални инспектори и инспектор за животна средина на Град Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Текстот Жители на Карпош, Ѓорче Петров и Сарај пријавиле непријатна миризба на хемиски агенси е превземен од МАКФАКС.