Актерката Марго Роби блесна во Њујорк на овогодинешната Мет Гала. Многу очекувања беа оправдани во поголема или помала мера, но едно е сигурно, од Марго се очекуваше да биде врвно елегантна и таа го оправда тоа.
Margot Robbie just set the bar at the #MetGala.
pic.twitter.com/il2UifK2yx — Entertainment Tonight (@etnow) May 5, 2026
Славната убавица носеше фустан од модната куќа Шанел, златна креација без прерамки комплетирана со долг дел што се влечеше, со нежни цветни детали, а како што беше наведено, стотици часови беа потрошени за изработка на овој фустан и за рачно изработениот вез што го краси.
Воопшто не беше провокативна или разголена, што секогаш се очекува кога станува збор за Холивуд, а сепак Марго повторно успеа да биде главна тема.
Нејзината модна креација покажа и дека елеганцијата секогаш си го наоѓа својот пат и дека „тивкиот луксуз“ никогаш нема да излезе од мода.
Таа ја стилизираше косата во елегантна пунџа, а на своето модно издание додаде и пар спектакуларни обетки. Сè беше подготвено Марго Роби да стане вистинска кралица на Мет Гала…
Текстот (Фото/Видео) Кога најубавата жена доаѓа на Мет Гала: „тивкиот луксуз“ никогаш нема да излезе од мода е превземен од МАКФАКС.























