Овогодинешната Мет Гала традиционално собра голем број познати ѕвезди, иако имаше многу шпекулации за тоа кој ќе ја прифати поканата, на крајот сè помина според планот. Холивудските диви го покажаа целиот свој гламур, а меѓу гостите беше Никол Кидман (58) со нејзината ќерка Сандеј Роуз (17).

Познатата актерка често е тема на порталите, особено по разводот од Кит Урбан, а сега ги разбранува социјалните мрежи заедно со својата ќерка. Никол годинава го прекрши правилото, со оглед на тоа дека лицата под 18 години не можат да се појават на Мет Гала.

И мајката и ќерката беа доста екстравагантни. Никол избра црвен фустан со детали од пердуви, а нејзиниот изглед беше дизајниран од модната куќа Шанел, додека Сандеј Роуз позираше во розов фустан од Диор составен од два дела.

Квадратниот корсет и лелеавото здолниште беа речиси театрален избор, па веднаш се појавија негативни коментари.

„Требаше повеќе да се координираат“, „Двете се ужасни“, „Ова е за Лас Вегас“, „Досадно и веќе видено“, „Никол повторно има проблеми со периката“, „Никол Кидман и нејзината ќерка – катастрофа на Мет Гала“, беа само дел од коментарите.

Текстот (Видео) „Никол Кидман и нејзината ќерка – катастрофа на Мет Гала“ е превземен од МАКФАКС.