Фестивалот на млади виолинисти „Виолин фест“ и оваа година продолжува да биде место каде талентот станува уметност и каде младите виртуози ја слават музиката.
Започнувајќи ја својата мисија со работилница и презентација во музичкото училиште во Прилеп, продолжува на 11 мај со концерт во музичкото училиште ,, Боро Џони ‘’ во Струмица каде ќе блеснат 17 виолинисти , ученици во музичките училишта од Штип, Струмица, Гевгелија, Неготино и Кочани.
Завршниот концерт кој има меѓународен карактер, ќе одржи на 12 јуни во Скопје.
„Виолин фест“ е и секогаш ќе биде место кое ги обединува младите музичари од различни средини, создавајќи уникатна можност за афирмација на новите генерации на уметници.
Проектот е поддржан од Министерството за култура.
Текстот ,,Виолин фест‘’ 2026 – Во духот на класиката, со енерија на младоста е превземен од МАКФАКС.























