Ќерката на американскиот претседател, Иванка Трамп, не можеше да ја пропушти Големата награда на Мајами, каде што пристигна во друштво на својот сопруг Џаред Кушнер. Секое нејзино појавување привлекува внимание, а Иванка веќе неколку пати докажа дека е ненадминлива кога е во прашање елеганцијата.
Можеби затоа никој не очекуваше да ја види во малку попровокативна облека, а кратките фустани дефинитивно би можеле да станат нејзино ново омилено парче облека.
За Мајами и друштвото на познатите убавици Хејли Бибер и Аликс Ерл, Иванка го избра најкраткиот црн фустан досега со ефектно деколте и детали направени од ситни светки кои личат на кристали.
Нејзините долги нозе и неверојатната фигура веднаш го привлекоа вниманието, а Иванка го комплетираше својот моден изглед со мала црна чанта и елегантни транспарентни чевли.
Кушнер, со кого Иванка е во среќен брак од 2009 година, исто така блескаше покрај неа. За оваа пригода, тој избра полежерна облека, црни панталони, патики и едноставна бела маица. Се чини дека не сакал да го одвлече вниманието од Иванка.
Текстот (Видео) Иванка Трамп никогаш не била посекси: нозете од милион долари во преден план е превземен од МАКФАКС.























