Нивото на безбедносна закана во Ормутскиот теснец останува високо поради регионалните воени операции, соопшти денес Британската поморска трговска служба (UKMTO).
Морнарите можат да очекуваат зголемено поморско присуство, повици преку каналот VHF и застој, соопшти UKMTO.
Британската агенција ги советуваше морнарите да се координираат со оманските власти на канал VHF 16 поради очекуваниот густ сообраќај.
Исто така, ги повика морнарите да размислат за навигација низ територијалните води на Оман јужно од шемата за одвојување на сообраќајот, каде што САД воспоставија засилена безбедносна зона за поддршка на транзитот низ теснецот, објави Ројтерс.
Текстот Британска агенција: Ормускиот теснец останува доста опасен за морнарите поради воените операции е превземен од МАКФАКС.























