Добитничката на Нобеловата награда за мир за 2023 година, иранската активистка Наргес Мохамади, која е затворена во Иран, се наоѓа во критична кардиолошка состојба.

Според Фондацијата „Наргес Мохамади“, таа пред два дена била префрлена од затвор во болница во градот Занџан, откако двапати изгубила свест и доживеала тежок срцев удар.

Фондацијата бара нејзиното лекување да продолжи во специјализирана болница во Техеран.

Мохамади ја доби Нобеловата награда за мир поради децениската борба за правата на жените и укинување на смртната казна во Иран.

Таа во февруари годинава повторно беше осудена на седум и пол години затвор за, како што наведуваат иранските власти, „антидржавна пропаганда“.

Нобеловиот комитет побара Техеран веднаш да ја ослободи.

Текстот Нобеловката Наргес Мохамади во критична состојба, итно префрлена од ирански затвор во болница е превземен од МАКФАКС.