Полицијата приведе 48-годишен жител на кичевското село Челопеци откако, според пријавата, бил агресивен кон членови на своето семејство, а потоа се обидел да нападне и полицајци.
Од МВР информираат дека на 1 мај 2026 година во 19:00 часот бил лишен од слобода Ѓ.Р. (48) од Челопеци, по претходна пријава дека во семејниот дом агресивно се однесувал кон своето семејство.
Кога ги забележал полициските службеници кои пристигнале на местото и започнале службени дејствија, тој се обидел да ги нападне прво со лопата, а потоа и со нож.
По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Текстот Kичевец со лопата и нож се обидел да нападне полицајци е превземен од МАКФАКС.























