Американскиот претседател Доналд Трамп објави АИ-генерирана фотографија на која тој, потпретседателот Џеј Ди Венс и американскиот државен секретар Марко Рубио се прикажани како се капат во базен пред Линколновиот меморијал во Вашингтон.
На фотографијата, Трамп е прикажан во костим за капење како лежи на златен душек во форма на кауч и изгледа значително послаб отколку во реалноста. Со нив е и министерот за внатрешни работи Даг Бургум, како и жена за која медиумот наведува дека најверојатно е целосно АИ-генериран лик.

Објавата доаѓа откако Трамп започна реконструкција на рефлектирачкиот базен пред Линколновиот меморијал, наредувајќи дното да биде обоено со индустриски слој во боја што ја нарекува „американско сина“.
Работите веќе започнаа, а целта е проектот да биде завршен до одбележувањето на 250-годишнината од САД на 4 јули.
Проектот предизвика критики од експерти и конзерватори, кои предупредуваат дека промената може да го наруши историскиот изглед на еден од најпознатите американски споменици.
Текстот Трамп објави АИ-фотографија од себе и најблиските соработници во базен е превземен од МАКФАКС.























