Денеска на Граничниот премин Табановце, лишен од слобода е 44-годишниот Б.К. од Прилеп, извести МВР.
По претходно добиени информации за сторено кривично дело „измама“, Одделот за криминалистичка полиција, во содејство со СВР Струмица – ОВР Валандово, презеде координирани мерки и активности за расчистување на случајот.
Според досегашните сознанија, во периодот од јули до ноември 2025 година, осомничениот, со намера да прибави противправна имотна корист, довел во заблуда лице од Валандово, прикажувајќи лажни факти дека ќе помогне во организирање лекување во странство за неговата сопруга.
На тој начин, оштетениот во повеќе наврати уплатил вкупно околу 88.300 евра (5.549.200 денари), во меѓувреме, неговата сопруга починала. Осомничениот е изведен пред судија на претходна постапка во Основниот суд Гевгелија, при што му е изречена мерка за претпазливост, соопшти МВР.
Текстот (Видео) Уапсен осомничен за измама од над 88.000 евра: лажно ветувал лекување во странство е превземен од МАКФАКС.























