Секторот за внатрешни работи Битола до Основното јавно обвинителство Битола поднесе кривична пријава против 49-годишниот Ј.С. од Битола, полициски службеник во ПО Новаци, поради сомнение дека сторил кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило”, предвидено и казниво по член 297-а став 1 од КЗ.

Тој на 24.10.2025 во 17:42 часот, во период кога не бил на работа, на патот Битола-Новаци, под дејство на алкохол управувал патничко возило „хјундаи” со битолски регистарски ознаки, односно со 1,51 промили алкохол во крвта, при што предизвикал сообраќајна незгода.

Текстот Кривична против полицаец: возел пијан и предизвикал сообраќајна незгода е превземен од МАКФАКС.