Актерката Ен Хатавеј е во центарот на вниманието овие денови, делумно поради промоцијата на филмот „Ѓаволот носи Прада 2“, делумно поради фантастичните модни избори.
Таа се врати на црвениот тепих поубава, поелегантна, погламурозна, но и попровокативна од кога било, а нејзината витка фигура како да ни кажува дека времето застанало…
Покрај тоа што изгледаше како да е во дваесеттите, таа буквално ја плени јавноста со секоја нова модна комбинација, а нејзин главен адут во оваа „сцена“ беа нејзините долги нозе.
Ен беше фотографирана додека одеше на шоуто „The Late Show With Stephen Colbert“ во црн фустан што личеше на сако со изразено деколте кој совршено го комбинираше со футуристички платформи „Versace“, златен накит и црни очила за сонце.
И целата улица беше нејзина модна писта…
Текстот (Фото/Видео) Со вакви нозе, таа може да прави што сака: И глумица и модел – таа е сè е превземен од МАКФАКС.























