Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун ја потврди доктрината според која војниците мора да извршат самоубиство на бојното поле за да избегнат заробување за време на војната на Русија против Украина.
Зборувајќи на настан во Пјонгјанг за откривање на споменик за Севернокорејците убиени во Украина, Ким двапати ги спомена војниците кои „се разнесоа“, според извештајот на државната Korean Central News Agency.
„Херои кои без двоумење избраа самоуништување, самоубиствен напад, за да ја одбранат големата чест. Тие не очекуваа никаква компензација, иако постигнаа извонредни подвизи. Тие умреа херојски“, рече Ким во говорот упатен до семејствата на загинатите и високи руски функционери.
Ким потпиша воен договор со рускиот претседател Владимир Путин во 2024 година, кој вклучува одредба за меѓусебна одбрана. Јужнокорејските и западните разузнавачки агенции проценуваат дека Пјонгјанг оттогаш испратил најмалку 10.000 војници и десетици илјади контејнери со оружје за да ѝ помогнат на Русија во нејзината војна против Украина.
Се верува дека Северна Кореја претрпе големи жртви, со илјадници убиени на бојното поле, објави Блумберг.
Текстот Ким Џонг-ун за загинатите војници: Тие се разнесоа, тие умреа херојски е превземен од МАКФАКС.























