Германската влада планира да воведе данок на засладени пијалаци како дел од реформата на здравствениот систем, јавуваат германските медиуми повикувајќи се на владини извори.
Според најавите, висината на давачката ќе зависи од количината на шеќер во безалкохолните и енергетските пијалаци, додека слатките и другите производи со шеќер засега нема да бидат опфатени.
Медиумите пренесуваат дека се разгледува и зголемување на даноците за алкохол и тутун, како и можни дополнителни давачки за пластична амбалажа.
Според предлогот на експертската комисија, пијалаците што содржат повеќе од пет грама шеќер на 100 милилитри би се оданочувале со 26 центи.
Мерката е дел од пошироката здравствена реформа што германската влада планира да ја претстави со буџетската рамка за 2027 година.
Фото: depositphotos
Текстот Германија планира нов данок за газирани и енергетски пијалаци е превземен од МАКФАКС.























