Израелската војска ги повика жителите на повеќе од десет градови и села во јужен Либан да се евакуираат, што укажува на можен скорешен воен напад.
Предупредувањето, како и во слични претходни ситуации, го објави портпаролот на израелската армија за арапските медиуми, Авихај Адраи.
Тој изјави дека ваквата мерка е неопходна поради, како што наведе, „кршење на договорот за примирје од страна на Хезболах“ меѓу Либан и Израел.
И Израел и проиранската милиција Хезболах меѓусебно се обвинуваат за нарушување на примирјето, кое минатиот четврток беше продолжено за дополнителни три недели.
Текстот Израел најави нови напади врз Либан е превземен од МАКФАКС.























