Денеска со почеток во 12:00 часот пред Собранието, на ул.„11-ти Октомври“, од страна на група граѓани ќе се организира протест како израз на незадоволство поради постапувањето на Управа за јавни приходи (УЈП) во врска со барање данок за приходи остварени во странство.

Од МВР велат дека доколку има потреба сообраќајот ќе биде пренасочен по околните сообраќајници.

„Од тие причини СВР Скопје – Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот. Апелираме до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници“, велат од МВР.

Текстот Протест пред Собрание против даноците за приходите од странство е превземен од МАКФАКС.