Претседателот на САД, Доналд Трамп, остро ја нападна водителката на CBS News, Нора О’Донел, во интервју емитувано во неделата, откако таа цитираше делови од манифестот на осомничениот напаѓач кој се обиде да упадне на вечерата на Здружението на дописници од Белата куќа помалку од 24 часа претходно.

Трамп првично зборуваше за чувството на заедништво со новинарите кои биле присутни на традиционалната вечера и со кои, како што рече, заедно ја поминале почетната паника кога вооружени припадници на безбедносните служби влегле во салата.

Но, кога О’Донел во интервјуто снимено во Белата куќа во неделата го цитираше наводниот манифест на осомничениот напаѓач Кол Ален:

„Повеќе не сум подготвен да дозволам педофил, силувач и предавник да ми ги валка рацете со неговите злосторства“,

Трамп, кој дотогаш одговарал прилично смирено, реагирал бурно.

„Чекав да го прочитате тоа бидејќи знаев дека ќе го направите, затоа што сте ужасни луѓе. Ужасни луѓе“, рекол Трамп.

„Да, тој го напишал тоа. Јас не сум силувач. Никого не сум силувал.“

О’Донел потоа прашала:

„Мислите ли дека мислел на вас?“

Претседателот го игнорирал прашањето и одговорил:

„Јас не сум педофил.“

Трамп бурно реагирал и на, како што изгледало, алузија што ја препознал како поврзување со Џефри Епстин, иако неговото име не било спомнато ниту во манифестот, ниту во прашањето на новинарката.

„Го читате тоа ѓубре што го напишал некој болен човек“, рекол Трамп.

„Ме поврзувате со работи што немаат никаква врска со мене. Целосно сум ослободен од обвиненијата.“

Фото: depositphotos

Текстот (Видео) „Не сум педофил, вие се ужасни луѓе“ – Трамп избувна на интервју по читање на манифестот на осомничениот напаѓач е превземен од МАКФАКС.