„Граѓаните скапо плаќаат за економското дилетанство на Христијан Мицкоски и во политиката и во економијата. Додека цела Европа носи антикризни пакети и навремено реагира за заштита на животниот стандард, Владата предводена од Мицкоски не презема ништо. СДСМ веќе два месеци предлага конкретен пакет за заштита на граѓаните и економијата“, велат од СДСМ.
„Владата селективно презеде само мал дел од тие предлози, без суштинска промена која може да даде резултат и ги остави граѓаните сами да се справуваат со скапотијата.
Цените веќе се на историски највисоко ниво, а најавите се дека во мај следува нов бран на поскапувања, вистинскиот удар од кризата за која Европа одамна се подготвува.
Граѓаните се притиснати од трошоци, а со почетокот на летната сезона ќе бидат принудени дополнително да се задолжуваат. Есента и зимата ги чекаат со сериозно нарушен животен стандард.
Потрошувачката кошница од почетокот на кризата е зголемена за над 3.500 денари, а Владата не презеде ниту еден сериозен чекор за заштита на најранливите. Минималната плата не е зголемена, додека инфлацијата директно го јаде приходот на граѓаните.
Наместо реални економски политики, власта нуди само медиумска пропаганда и празни изјави.
Дополнително, земјоделството е оставено без поддршка. Субвенциите доцнат или изостануваат, а ИПАРД програмата е блокирана поради сомнежи за злоупотреби. Во услови кога цените на горивата, ѓубривата и репроматеријалите растат, домашното производство е ставено на ризик.
Оваа неспособност директно ќе значи нов бран поскапувања на храната и основните производи. Граѓаните ги чекаат тешки времиња, а Мицкоски размислува само за купување нов авион за летување. Доаѓа времето на вистината, правдата и одговорноста!“, соопшти СДСМ.
Текстот „Сѐ уште нема мерки – граѓаните скапо плаќаат за економското дилетанство на Мицкоски“, велат од СДСМ е превземен од МАКФАКС.























