Министерството за внатрешни работи соопшти дека дојавата за поставена бомба во трговскиот центар „Сити мол“ е лажна.
Од страна на полициски службеници проверени се внатрешноста на објектот и делот околу објектот и утврдено е дека станува збор за лажна дојава.
На електронска адреса на Министерството за внатрешни работи пристигнала дојава за поставена експлозивна направа по што трговскиот центар беше евакуиран.
Текстот Лажна е дојавата за поставена бомба во „Сити мол“ е превземен од МАКФАКС.























