Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска во Азербејџан изјави дека Украина е подготвена за разговори со Русија на азербејџанска територија, објави Укринформ.

Зеленски, кој е во официјална посета на Азербејџан, ја даде изјавата по средбата со својот колега Илхам Алиев.

Тој рече дека со Алиев разговарал за можноста за средба меѓу Украина и Русија во Азербејџан.

– Исто така, разговаравме за напорите за мир. За Украина е многу важно Русија да најде сила да ја заврши оваа неправедна војна. Секако високо ја цениме улогата на нашите партнери во посредувањето во овој процес. Му кажавме на претседателот на Азербејџан дека сме подготвени за трилатерални разговори. Имавме такви разговори во Турција и имавме такви разговори со нашите американски партнери во Швајцарија, изјави Зеленски.

Зеленски и Алиев потпишаа договори за соработка во областите на безбедноста и енергетиката.

Алиев изјави дека со Зеленски размениле мислења за воено-техничката соработка, за што, како што оцени, има многу големи перспективи.

– Азербејџан и Украина меѓусебно се поддржуваат и ќе продолжат да го поддржуваат суверенитетот и територијалниот интегритет еден на друг во сите меѓународни организации, истакна Алиев.

Текстот Зеленски е подготвен за разговори со Русија е превземен од МАКФАКС.