Вреди ја обвини ДУИ за манипулација со темата за игрите на среќа, оценувајќи дека партијата денес отвора прашања кои самата ги креирала и одржувала со години.
„ДУИ, хранета и одржувана со години од игрите на среќа и казината, денес се обидува да манипулира со теми што самата ги произведувала. Иронијата е брутална“.
Од Вреди тврдат дека зад актуелните реакции на ДУИ стојат, како што велат, структури поврзани со поранешни функционери, посочувајќи дека секторот за игри на среќа со години бил користен за политичко влијание.
„Кога ДУИ зборува за казина, од позадина зборува црната кутија на Артан Груби. Таа со години го држеше овој сектор под контрола, преку негови блиски соработници, го лиценцираше, го управуваше и го претвори во механизам за уцени и тесни интереси“, велат од Вреди.
Во соопштението се додава дека доколку ДУИ сака да отвори прашања за лиценцирањето, одговорите треба да ги побара, како што наведуваат, во сопствените редови.
„ДУИ не открива проблем, туку се сопнува од сопствените траги“, стои во реакцијата.
Од Вреди порачуваат дека, според нив, вистината за управувањето со овој сектор допрва ќе излегува на виделина.
Текстот Вреди: ДУИ манипулира со темата за казината, иако со години го контролираше секторот е превземен од МАКФАКС.























