Во Тузла вчера околу 18 часот се случил инцидент во кој маж демолирал патнички автомобил, а на крајот и самиот пропаднал низ неговиот покрив. Снимката од настанот брзо се прошири на социјалните мрежи.

На видеото се гледа како мажот со палка удира по возилото, а потоа се качува врз него. Откако извесно време скокал по покривот, тој пропаднал во внатрешноста на автомобилот, јавуваат регионалните медиуми.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Crna Hronika BiH (@crnahronikabih)

Од Оперативниот центар на Министерството за внатрешни работи на Тузланскиот кантон за Авaз потврдиле дека мажот е уапсен.

Тој се товари за кривично дело „оштетување туѓа ствар“, а полицијата спроведува истрага за да ги утврди сите околности и мотиви за овој настан.

Текстот (Видео) Демолирал автомобил во Тузла, па пропаднал низ покривот – снимката се прошири на социјалните мрежи е превземен од МАКФАКС.