Шарлиз Терон успеа да ја остави премиерата на филмот „Apex“ во Њујорк во сенка. За нејзиното модно издание ќе се зборува долго време.
Charlize Theron swaps her shirt for a pleated Dior collar at ‘Apex’ premiere https://t.co/GzJSG4I9fE pic.twitter.com/tBMnrG5Zy3
— Page Six (@PageSix) April 23, 2026
Познатата актерка Шарлиз Терон никогаш не престанува да привлекува внимание, нејзините последни неколку појавувања вклучуваа прошетки без градник.
Познатата добитничка на Оскар се појави во смело издание од Диор, кој се состоеше од раскопчано сако без кошула или градник. Целиот стил беше карактеризиран со бела плисирана јака, чии долги ремени достигнуваа под половината.
Сепак, главното прашање беше како јакната ќе остане на нејзиното тело без да открие повеќе од планираното при движење – Шарлиз, очигледно, користела леплива лента.
За само еден ден, Шарлиз смени неколку комбинации, за потребите на различни снимања и гостувања, и воодушеви од секоја.
Таа пристигна на снимањето на утринската емисија „Today“ во син плисиран сет од брендот Alaia со слоевито здолниште, додека во емисијата „The View“ се појави во црна кошула и кожни панталони.
Во текот на денот, таа успеа да изнесе и опуштен бел комплет со здолниште од есенската колекција на Bottega Veneta, пред да се одлучи за црна комбинација со видлив градник од чипка за студиото на Џими Фалон.
Текстот (Фото/Видео) Упс, за малку ќе покажеше премногу, а можеби фаталната русокоса токму тоа и го сакаше е превземен од МАКФАКС.























