Папата Лав, по враќањето од Африка, повторно коментираше за војната во Иран и ги повика Техеран и Вашингтон да се вратат на преговорите. Зборувајќи со новинарите во авионот на пат кон Рим, тој изрази жалење што преговорите не успеаја бидејќи не беше договорен датум за нова рунда разговори.
Минатата недела, Доналд Трамп остро го критикуваше првиот американски папа за неговите изјави против војната. Трамп го критикуваше што не се осврна на убивањето на демонстрантите во Иран, објави Скај њуз.
Папата во четвртокот на летот рече: „Кога еден режим, една земја, донесува одлуки што неправедно одземаат животи на други луѓе, тогаш тоа е очигледно нешто што треба да се осуди“.
Тој реагираше на извештаите дека иранските власти убиле илјадници луѓе за време на антивладините протести, нагласувајќи дека ниту еден режим нема право да донесува одлуки што водат до такво насилство врз сопствените граѓани.
Папата, исто така, предупреди на сè потешката ситуација за цивилите, истакнувајќи дека „невини луѓе страдаат“ додека ескалираат политичките и воените тензии. Во исто време, тој изрази жалење за неуспехот на мировните преговори меѓу САД и Иран, оценувајќи дека тоа дополнително ја продлабочило веќе нестабилната и хаотична ситуација во регионот.
Текстот Папата Лав повторно коментираше за војната во Иран е превземен од МАКФАКС.























