Познатата пејачка Лејди Гага се појави на премиерата на филмот „Ѓаволот носи Прада 2“ во црна, елегантна тоалета со отворен грб.
Суптилен, но впечатлив, е начинот на кој може да се опише нејзиниот стајлинг, кој не се очекуваше од неа.
Многумина се навикнати Лејди Гага секогаш да биде провокативна и контроверзна, поради што го има прекарот „кралица на темнината“, но сега реши да изненади.
Откако го трансформираше своето тело, но и се соочи со бројни обвинувања поради наводната употреба на Оземпик, пејачката не сакаше да ја скрие својата совршена фигура.
За светската премиера на долгоочекуваниот филм, таа избра тесен црн фустан кој строго ја следи линијата на телото, го нагласува струкот и нема прерамки.
Со оглед на тоа што минимализмот ретко оди заедно со Лејди Гага, ова појавување е посебно токму поради тоа.
Текстот (Видео) „Кралицата на темнината“ изненади: По сите навреди – таа е поубава од кога било е превземен од МАКФАКС.























