Моделот Ирина Шајк е сосема подготвена за новата летна сезона, како што покажа со нови фотографии на својот Инстаграм профил, меѓу кои се издвојуваат оние во бикини.

Во последно време, таа објавува фотографии од егзотични одмори, а откако го покажа своето извајано тело во впечатливо црвено бикини, се одлучи за едно во понеутрална боја, но далеку посмело.

Додека горниот дел е обичен и едноставен, долниот дел од бикинито е направен од врвки и изгледа многу интересно, а воедно и малку авангардно.

Овој совршен летен аутфит го комплетираше со ѓердан од дрвени монистра, а меѓу морето фотографии, има и такви во кои позира без шминка, во сосема лежерен изглед, како и уште една комбинација што се покажа како хит во изгледот на Ирина – бикини и врвка околу половината.

Ирина Шајк има речиси 24 милиони следбеници на Инстаграм, и јасно е зошто секогаш предизвикува возбуда со вакви слики…

Текстот (Фото) Ирина Шајк „убива“ во минијатурно бикини – беспрекорна совршеност е превземен од МАКФАКС.