Министерката за образование и наука, Весна Јаневска, потврди дека на Филозофскиот факултет имало нерегуларности при упис на магистерски и докторски студии.
„Констатирани се нерегуларности на Филозофскиот факултет, но не при упис на додипломски туку при упис на постдипломски, втор и трет циклус студии. Државниот просветен инспекторат постапуваше, донесе заклучоци, го информираше факултетот. Факултетот треба да постапи и, колку што мене ми е познато, постапува. Јас го чекам конечниот извештај, откога ќе помине рокот за постапување за да, како овластен министер во таа област, го донесам и конченото решение“, рече министерката денес одговарајќи на новинарски прашања по едукативниот настан за основци во Скопје „Зеленикс – од предизвик до иновација“.
Објаснување за случувањата на прес-конференција попладнево најави дека ќе даде и деканот на Филозофскиот факултет, Оливер Бакрески по објавите дека на факултетот на постдипломски и докторски студии биле запишувани студенти без завршени додипломски студии.
Текстот Филозофскиот факултет незаконски запишувал студенти на магистерски и докторски студии, потврди Јаневска е превземен од МАКФАКС.























